Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рафаел Надал обезбеди пласман во 1/8-финале на Мастерсот во Индијан Велс, откако го победи Вердаско во 3-то коло со 2:0.
Надал го доби првиот сет со 6:3, а во вториот победи со 7:5. Ова му беше трета победа во исто толку натпревари во Индијан Велс.
Во наредното коло ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Федерер-Џонсон.
Во дербито на младата генерација, 21-годишниот Кирјос беше подобар од Зверев со 6:3 и 6:4 во натпревар во кој не се соочи со ниту една брејк топка, а ова беше нивни прв дуел.
Тој ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Ѓоковиќ-Дел Потро.
Во останатите натпревари, Јанг го победи Пуј, а Нишикори беше подобар од Милер.