Хјустон поразен од Њу Орлеанс – Харден стигна до нов трипл-дабл


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во минатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 8 натпревари.

Тимот на Њу Орлеанс вчера не можеше да смета на Казнс, но и покрај големиот хендикеп го победи тимот на Хјустон со 128:112. На гостите не им помогна ниту Харден кон постигна 41 поен, 14 скокови и 11 асистенции.

Вашингтон на домашен терен го победи Чикаго со 112:107. Бил за домаќините постигна 24 поени додека Вол постигна 14 поени и 20 асистенции. Кај гостите најдобар беше Батлер со 28 поени.

Мајами стигна до 7-та победа по ред на домашен терен, а најнова жртва беше Минесота која беше поразена со 123:105. Во победничкиот тим најдобри беа Џонсон и Вајтсајд со по 23 поени.

Останати резултати:

Филаделфија – Далас 116:74
Бруклин – Бостон 95:98
Детроит – Торонто 75:87
Феникс – Орландо 103:109
Лејкерс – Милвоки 103:107