Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ЦАС во Лозана денеска донесе одлука за случајот на Аријан Адеми.
Македонецот после натпреварот со Арсенал беше позитивен на недозволени средства и доби четири годишна суспензија но би можел порано да се врати на терен.
Динамо се жалеше за тоа, и жалбата е прифатена, па наместо 4 години, суспензијата е намалена на две и Адеми се враќа на фудбалска сцена од октомври оваа година.
Адеми за време на суспензијата играше фудбал на аматерски терени и прашање на време е колку ќе му треба да ја поврати старата форма.