ФИФА ја тргна плочата со името на Сеп Блатер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ФИФА ја тргна металната плоча со името на поранешниот претседател Сеп Блатер од седиштето во Цирих.

Металната плоша со имињата на членовите на Извршниот комитет на ФИФА, меѓу кои беше тоа и на Блатер, беше поставена пред влезот на зградата од отворањето во 2007 година.

Посетителите, покрај имињата на членовите на комитетот, можеа  да прочитаат и порака на француски јазик.

Голем број тогашни управници, чии имиња беа поставени на влезот, ги казни Етичкиот комитет на ФИФА, против нив се поднесени обвиненија.

ФИФА го суспендираше Блатер на  6 години поради вмешаност во корупција.