„Сакаме да одиме во Русија без загубен бод“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија Јоаким Лев постави денеска пред својата екипа голем предизвик.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија Јоаким Лев постави денеска пред својата екипа голем предизвик – за во квалификациите за СП во 2018 година да не загубат ниту еден бод.

„Целта е јасна – сакаме да се пласираме на Светско првенство без загубен бод“, рече Лев за германските медиуми.

Германија моментално е прва на табелата од Групата Ц со максимални 12 бодови после четири кола.

Светскиот шампион утре гостува кај Азербајџан, кој е на третото место со седум бодови.

„Сите играчи се спремни. Единствено под знак прашање е Месут Озил, но ќе го сочекаме последниот тренинг пред што да донесеме конечна одлука за него“, рече Лев.

Натпреварот се игра утре од 18:00 часот во Баку.