Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бердих се пласираше во 3-то коло на АТП турнирот во Мајами откако денес го победи Рубљев со 2:0 во сетови. Тој успеа да го победи со 6:3 и 6:2 за 73 минути.
Во трето коло ќе игра против Милер кој беше подобар од Сепи со 2:0 во сетови.
Гофин беше сигурен против Кинг со 2:0, односно 7:5 и 6:1, па во наредно коло ќе игра против Шварцман кој го победи Робредо со 2:0 во сетови. Интересно натпреварот траеше само 53 минути.
Во наредно коло ќе игра Квереј против победникот од натпреварот помеѓу Кукушкин и Агут.
Мастерсот во Мајами се игра за награден фонд од 6.993.450 долари.