Кој ќе биде најбрзиот кој ќе стигне до фудбалерот за врска?

Голем интерес за фудбалерот од средниот ред, пред се од ПЛ.

Германскиот фудбалер кој има само 22 години, Леон Горецка е на мета на неколку европски клубови.

Фудбалерот на Шалке оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери на тој тим, а почна да игра и за репрезентацијата на Германија.

Тотенхем, Арсенал и Наполи се заинтересирани за него, сите три клуба спремија понуди.

Не сакаше да потпише нов договор, а тоа е доволна причина заинтересираните да испратат понуда на адреса на Шалке.