Бен Арфа не може да молчи за ситуацијата во ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Бен Арфа минатата сезона беше мета на голем број тимови по одличната сезона во Ница.

На крајот тој одлучи да премине во ПСЖ, но по се изгледа дека тоа беше погрешен потег.

Поранешниот играч на Њукасл веќе одамна не беше во почетниот тим на Емери.

Бен Арфа по само една сезона ќе го напушти тимот, освен ако не се сменат работите драстично.

Тој на друштвените мрежи одлучи да ја сподели својата ситуација.

„Одлучив отворено да зборувам за својата ситуација во ПСЖ. Без филтер и тајни. Вестите доаѓаат наскоро.“