Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго призна дека му е жал што Стивен Џерард не заигра за Реал Мадрид.
Џерард кариерата ја посвети на Ливерпул, а можеше да игра за кого сакаше. Сепак, не сакаше да го менува клубот и затоа е најголема легенда на Редсите.
„Во еден момент во животот кога имавме шанса да играме заедно, тоа не беше можно. Мислам дека е штета, секој сака да игра со најдобрите. Џерард покажа дека е најдобар фудбалер на позицијата на која игра. Штета, но Ливерпул може да биде среќен дека имаше таква легенда во своите редови“, откри Фиго.
Легендата на Ливерпул и Реал во саботата ги одмерија силите на Енфилд во хуманитарен натпревар и Фиго и Џерард имаа шанса да се спротивстават еден против друг.