Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул на Енфилд го победија Евертон во натпревар од 30-то коло во Премиер Лигата, 3:1.
После осум минути игра Садио Мане ја затресе мрежата на карамелите. Голманот на Евертон потоа мораше да интервенира по заканувачкиот удар од Емре Чан.
Во 28-ма минута Метју Пенингтон го израмни резултатот. Три минути подоцна промена на резултатот на семафорот. Филипе Кутињо го врати водството на црвените.
Дивок Ориги три минути по влегувањето на терен го зголеми водството на Ливерпул, 3:1
До крајот на натпреварот Холгејт на едната и Арнолд на другата страна имаа шанса за погодок, но голманите ги одбранија нивните удари, па Ливерпул се радуваше на победата, 3:1.
Ливерпул после победата ќе се искачи на третата позиција и ќе имаат исто бодови со второпласираниот Тотенхем кој денес гостува кај Барнли.