Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Од 26-то коло во Бундеслигата се одиграа уште пет натпревари.
Баерн Минхен на Алијанц Арена го декласира Аугсбург, 6:0.
Роберт Левандовски во 17-та минута од натпреварот погоди за радост на навивачите на Баерн Минхен. Во 36-та минута Томас Милер ја затресе мрежата на гостите за 2:0.
На почетокот на второто полувреме Роберт Левандовски го постигна својот втор погодок на натпреварот. Тиаго Алкантара во 62-ра минута погоди за 4:0. Во период од една минута Роберт Левандовски го постигна хет-трикот на денешниот натпревар, а Томас Милер по втор пат се запиша во листата на стрелците за конечни 6:0.
Баварците ќе останат лидери со 10 бода повеќе од второпласираниот Лајпциг.
Шалке и Борусија Дортмунд ремизираа на Велтинс, 1:1.
Во првото полувреме од натпреварот мируваа мрежите. На почетокот на второто полувреме Пјер Емерик Обамејанг му донесе водство на милионерите.
Тило Керер десетина минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните 1:1.
Борусија Дортмунд ќе остане на четвртата позиција со еден бод помалку од третопласираниот Хофенхајм.
Во останатите натпревари Лајпциг убедливо го победи Дармштадт, 4:0, Вердер Бремен пукна петарда против Фрајбург, а Хамбургер беше подобар од Келн, 2:1.