Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Лугано победија на гости кај Луцерн во натпревар од 26-то коло во швајцарската суперлига, 0:2.
После половина час игра Лугано стигна до водство на натпреварот. Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски нафрли, а Мизрачи постигна погодок со глава. Пред крајот на првото полувреме Езгјан Алиоски доби жолт картон.
Ofir Mizrachi Goal HD – Luzern 0 – 1 Lugano… by worldfoot
Девет минути пред крајот на натпреварот Езгјан Алиоски му додаде на резервата Карлињос кој постави конечните 0:2. Езгјан Алиоски ги одигра сите 90 минути на денешниот натпревар.
Carlos Carlinhos Goal HD – Luzern 0 – 2 Lugano… by worldfoot
Осма асистенција оваа сезона за македонскиот репрезентативец во швајцарското првенство.