Играч преминува кај Каталонците - Барселона му задава удар на Реал?!

Шпанските медиуми објавија информација за плановите на Барселона за летните засилувања кои ја шокираа јавноста.

Медиумите утрово објавија дека на листата на желби на Барселона се најде едно име и тоа фудбалер на лутиот ривал Реал.

Наводно, Барселона ова лето сака да го донесе Родригез. Џејмс е незадоволен со минутажата во тимот и се повеќе се шпекулира дека ќе го напушти тимот.

Навистина е тешко да се очекува дека Реал ќе го пушти во Барселона, иако наводно Меси на управата на Барселона и препорачал дека Џејмс ќе биде одлично засилување.

Според медиумите, Џејмс е еден од ретките кои во својот договор нема клаузула за забрана за преминување во Барселона.