Манчестер Сити убедлив против Хал, Кутињо и Фирмињо за две минути донесоа победа на Ливерпул (ВИДЕО)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Од Премиер Лигата се одиграа уште пет натпревари од 32-ро коло.

Манчестер Сити на Итихад го победи Хал, 3:1.

Ел Мохамади после половина час игра постигна автогол за водство на граѓаните.

На почетокот на второто полувреме Агуеро зголеми на 2:0. Фабиан Делф го постигна третиот погодок во мрежата на Хал.

Андреа Ранокија пет минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните 3:1.

 

Ливерпул со пресврт го победи Стоук, 1:2.

Пред крајот на првото полувреме Џон Веитерс постигна погодок со глава за радост на домашните навивачи.

Во период од две минути Филипе Кутињо и Роберто Фирмињо направија пресврт. Симон Мињоле одлично го одбрани ударот на Инди, а до крајот немаше промена на резултатот, 1:2.

Во останатите натпревари Мидлзбро ремизираше против Барнли, 1:1, Саутемптон минимално го победи ВБА, 0:1, а Вест Хем на домашен терен беше подобар од Свонси, 1:0.