ВТА Монтереј – Кербер лошо започна, па се врати во игра, но на крајот Павличенкова стигна до трофејот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот помеѓу Кербер и Павличенкова во финалето во Мексико.

Натпреварот започна израмнето, а првата брејк шанса ја имаше Кербер во 3-от гејм од првиот сет, но не ја искористи.

Во 5-от гејм Кербер повторно имаше брејк топки, дури 3, но не успеа да искористи ниту една на крајот.

Тенисерките продолжија со сигурен сервис и стигнаа до предност од 5:4 за Павличенкова, која во наредниот гејм имаше дури 3 поени во серија за 40:0 и 3 брејк топки, а на крајот успеа да ја искористи 3-та и да стигне до 6:4 во првиот сет.


Вториот сет започна со сигурна игра на двете тенисерки, а првиот брејк го направи Кербер кога ја искористи дури 4-та брејк топка и стигна до 2:1.

Потоа следуваа сигурни сервиси од двете тенисерки и 4:2. Наредниот гејм повторно помина во доминација на Кербер и стигна до нов брејк за 5:2. Со сигурен сервис успеа да стигне и до 6:2 и така да го освои вториот сет и да израмни на 1:1 во сетови.

Третиот сет започна и течеше во доминантноста на Павличенкова која успеа да направи дури 2 брејкови и да стигне до неверојатни 5:0.

Кербер покажа мали знаци на живот и успеа да го освои својот сервис за намалување на 1:5, но тоа беше се од неа, затоа што Павличенкова ја искористи втората меч топка и стигна до 2:1 во сетови и титула во Мексико.