Секоја чест - Дани Алвеш не заборави од каде стигна во Јувентус

Јувентус вчера убедливо ја победи Барселона во четвртфиналниот натпревар во ЛШ.

Старата дама полесно од очекуваното стигна до победа против каталонците. Два погодоци за домашниот тим постигна Дибала, а еден Киелини. Во центарот на вниманието вчера беше Дани Алвеш кој стигна во Јуве од Барселона.

Алвеш после натпреварот изјави дека чудно се чувствувал на теренот и не знаел како да се однесува. Тоа најдобро се гледаше после првиот погодок на Јувентус кој бразилецот не сакаше да го прослави од почит кон поранешниот клуб.