Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот реагираше на тврдењата на медиумите, па пораката е јасна, Санчез ќе замине.
Вчера медиумите тврдеа дека Арсенал и Венгер ќе попуштат и ќе направат се да го задржат Санчез во тимот.
Не сакаат да се повтори ситуацијата со Ван Перси кој замина во Јунајтед, иако Арсенал сакаше да го продаде во Јувентус.
Меѓутоа, од нов договор под условите на Санчез, нема ништо.
„Постојат правила и постои структура на плати во овој клуб. Тие не подразбираат високи примања на било кој играч, а тоа важи и за Санчез.“
„Иако многумина зборуваат дека ќе попуштам, не можеме да го нарушиме нашиот финансиски интегритет и стабилност и да го донесеме клубот во проблеми.“
Сега е јасно, ниту 250.000 фунти неделно, а ниту 300.000 фунти нема да изнесува платата на Санчез.
Понудата на Арсенал од 180.000 фунти останува, па јасно е дека Санчез нема да ја прифати, а во моментов заработува 130.000 фунти.
Останува да се види како ќе заврши целата приказна. За Арсенал, идеален исход е тој да ја прифати понудата од ПСЖ, но проблем е тоа што тој сака да остане во Англија и да се пресели во Челси.
Италијанските клубови не можат да го платат толку многу, а Кинезите не се атрактивна понуда, затоа што тој сака да игра на високо ниво до Мундијалот во Русија.
Е сега останува игра на нерви, сигурно во Арсенал нема да дозволат да одигра Санчез уште една сезона и да замине бесплатно.