Роналдо прв во историјата на Лигата на шампионите до 100 гола!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите после вечерашната победа против Баерн со резултат 4:2.

Во феноменален натпревар на Сантијаго Бернабе полуфиналистот е одлучен дури после продолженија.

По кој знае кој пат херој на Реал Мадрид беше Кристијано Роналдо кој вечерва постигна хет-трик.

Португалецот постави уште еден неверојатен рекорд бидејќи дојде до бројката од 100 постигнати голови во Лигата на шампионите.

Иако барем еден вечерва беше од сомнителна позиција на крајот треба да се честита на Роналдо за овој подвик.