Арсен си го бараше со сила, па сега ќе си го добие – Санчез нема да замине таму каде што сака Венгер!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Чилеанецот не попушта под притисок, нема да го натераат да замине.

Санчез нема да ги добие посакуваните пари и Венгер беше јасен за тоа.

Тој не сака да потпише нов договор, а бара многу повеќе пари, па логично е Венгер да го продаде ова лето.

Арсенал ќе прифати само понуда од ПСЖ или некој италијански клуб.

Се зборува дека цената е 60 милиони евра, а Санчез би добил договор од соништата во ПСЖ, но тој не сака да замине од Англија, особено од Лондон.

Поради тоа, го сака Челси и летово ќе гледаме интересна битка. Ако го одбие ПСЖ и е решен да остане до крајот на договорот, ако Арсенал не го пушти во Челси или Сити каде би станал најплатен играч во лигата.

Тоа сега создава нервоза, една битка Венгер изгуби, со Ван Перси кој не сакаше да се пресели во Јувентус, па премина во Јунајтед.

Санчез не се брза, тешко е да се види ситуација во која го пушта Венгер бесплатно, но и го казнува така што ќе седи на клупата.

Премногу пари се во игра, па решение ќе биде најдено.