Стигна засилување од Апенините – Васкез нов фудбалер на шпанскиот гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Севиља потврди дека фудбалерот на Палермо, Франк Васкез стигна на медицински прегледи.

Севиља на својот официјален сајт потври дека трансферот на Васкез од Палермо е договорен и дека од потписот го делат само медицинските прегледи.

Овој фудбалер денес ќе ги помине медицинските прегледи, а подоцна ќе биде претставен како нов фудбалер на Севиља. Васкез би требало да потпише договор со андалузискиот клуб до 2020-та година.

Шпанскиот клуб за овој фудбалер плати 15 милиони евра плус 4 милиони бонуси.