Работнички и Македонија Ѓорче Петров ги поделија бодовите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Работнички и Македонија Ѓорче Петров ремизираа во натпревар од 28-мо коло во првата македонска фудбалска лига, 1:1.

Ваљмир Јонузи во 27-ма минута од натпреварот му донесе водство на лавовите. Две минути пред крајот на првото полувреме Елиф Елмас го израмни резултатот. Во второто полувреме немаше промена на резултатот, па двата клуба освоија по еден бод.

Романтичарите ќе остане на третата позиција, а Македонија Ѓорче Петров на последната десета позиција.