Дефинитивно нема среќа – Сахин повторно се повреди!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нури Сахин доживеа нова повреда, беше соопштено на сајтот на клубот.

Овој 28-годишен фудбалер во 22-та минута мораше да го напушти натпреваротпротив Борусија Менхенгладбах кој се играше во саботата, а прегледите покажаа дека дошло до пукање на лигаментите во неговиот зглоб.

На страната на Дортмунд е наведено дека оваа повреда можеби нема да го одалечи Сахин од терените до крајот на сезоната, туку дека тој би можел да се врати на еден од преостанатите 8 натпревари во БЛ.

Сахин го извлече подебелиот крај по дуелот со Стробол, кој јавно му се извини.