Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Поради што треба да се руши се што е здраво во Реал? Дали маркетинот е над се?
Перез не мора да донесува нвои засилувања, затоа што против-кандидати нема, па лесно ќе добие нов мандат.
Но Перез не може без својата работна филозофија, па најверојатно ќе стигне Де Геа, но тој е голман, па некој мора да продава и дресови.
Без иронија, ама се појави информација дека Реал планира да го продаде Модриќ на Баерн.
Анчелоти бара замена за Алонсо и сака да го донесе Хрватот во тимот.
Реал нема ништо против, остануваат Касемиро, Крос, Асенсио, а ќе се обидат да го донесат и Кутињо од Ливерпул.
Верати е тешка мета, а од друга страна се верува дека Ливерпул нема да успее да го задржи Бразилецот, ако Реал понуди 100 милиони евра. Постои и друга опција, а тоа е да биде вклучен и Џејмс Родригез во трансферот.
Целта е ново свежо лице во Реал, секако да и се направи удар на Барселона, но пред се навивачите да добијат нов, атрактивен играч.
Кутињо не е играч како Модриќ, игра понапаѓачки, но тоа останува на Зидан.








