Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Тешко дека меѓу активните фудбалери ќе најдете некој кој има ваков процент на успешност. Баерн со својата легенда се пофали на „Твитер“.
Многу фудбалери во целата кариера се потрошија во обид да освојат барем еден трофеј, а на Том Штарке беа доволно само седум натпреварувачки настапи да дојде до 13 одличја!
Резервниот голман на минхенски Баерн ретко добива шанса да брани бидејќи Мануел Ноер е незаменлив, но тоа не значи дека Штарке не учествува во успесите на Баерн.
Баерн на официјалниот „Твитер“ профил претстави интересен статистички податок поврзан за Том Штарке.
Резервниот голман запиша само седум натпреварувачки настапи за Баварците а досега освои со Баерн 13 трофеи, меѓу кои се Лигата на шампионите, Бундеслигата, УЕФА Суперкуп, ФИФА Светско првенство за клубови, ДФБ Куп и германскиот Суперкуп.
Математиката проста, Том Штарке освојуваше 1.8 трофеи по одигран натпревар!
TOM STARKE!
Matches: ⚽ ⚽ ⚽ ⚽ ⚽⚽⚽
Bundesliga: ? ? ? ? ?
Pokal: ? ? ?
DFL Supercup: ? ?
UCL: ?
UEFA Super Cup: ?
FIFA Club World Cup: ? pic.twitter.com/arrrPvG0ya— FC Bayern US (@FCBayernUS) May 1, 2017