И тоа е возможно – Фудбалер на Лацио побара дрес од Тоти!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во големите европски дербиња, особено тоа во Рим, не е баш вообичаено два фудбалери да менуваат дресови по натпреварот.

Меѓутоа, дека постојат исклучоци покажува сцената на дербито во Рим во кое Биглија побара дрес на Тоти.

„Да, му го побарав дресот. Го добив и тој ми е еден убав подарок. Без оглед на ривалството, Тоти е легенда, па по крајот на натпреварот веднаш заминав кај него.“

Тоти ги одигра последните 20-на минути на натпреварот, а многумина сметаат дека ова е последното римско дерби за него во кариерата.