Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пред се поради статистиката“, рече легендата на Старата дама.
Алесандро Дел Пиеро живее во САД, но константно ги следи случувањата во Лигата на шампионите, посебно во Јувентус, кој вечерва од 20:45 часот игра полуфинале на Лигата на шампионите против Монако.
Дел Пиеро рече дека со ист жар го следи овој спорт, но и дека го посакува Реал во евентуалното финале.
Што ќе му се оствари веројатно ако Јуве помине понатака.
„Мојата кариера надвор од теренот веќе почна и со среќа ќе продоложи да се исполнува со посветеност, интерес, страст. Фудбалот очигледно секогаш беше дел од мојот живот. Го гледам, коментирам, живеам надвор од теренот“.
Дел Пиеро има и совет за Старата дама пред мечот со Монако во Лигата на шампионите.
„Прво, не смеете да дозволите за ентузијастичките, млади и бестрашните играчи на Монако да влезат силно во мечот на својот домашен терен. Тоа е тим кој нема што да загуби. Првиот меч ќе биде круцијален. Нормално, Јувентус е фаворит, но Монако не дојде во полуфиналето без шанса“.
Алесандро повеќе сака Јувентус да игра против Реал Мадрид во евентуалното финале.
„Тешко е да се избере. Би рекол Реал Мадрид само поради статистиката. Никогаш ниеден тим не ја освои два пати по ред Лигата на шампионите. Но прво мораме да дојдеме до финале“.
Италијанецот додаде дека очекува неговиот поранешен соиграч Антонио Конте да ја освои Премиер лигата, а Нејмар и Дибала да го наследат Меси и Роналдо, и дека најдобар чувар кој го имал во кариерата бил Паоло Малдини.