Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон рече дека сака да продолжи да докажува и понатака дека припаѓа на највисоко ниво во фудбалот, како и дека цел му е луѓето да бидат тажни кога ќе ја заврши кариерата.
Јувентус синоќа во гости го победи Монако со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Буфон ја сочува својата мрежа на шест натпревари по ред во ова натпреварување, односно 621 минута не прими гол.
„На секој натпревар сакам да покажам дека и понатака заслужувам да играм на ова ниво, покрај моите години. Секој ден работам напорно да остварување на таа цел. Сакам луѓето да бидат тажни кога ќе одам во пензија“, рече 39-годишниот Буфон за италијанските медиуми.
Буфон наведе дека не размислува за освојување на Златната топка.
„Тоа не е нешто за што размислувам или нешто што ми недостасува. Целата енергија ја насочувам на тоа да останам во добра форма и да бидам од корист на соиграчите“, рече Буфон.
Зборувајќи за мечот против Монако наведе дека неговата екипа имаше совршен пристап на натпреварот и дека направи голем чекор кон пласман во финале.
„Одигравме одличен натпревар, таков пристап ни беше потребен за триумф во Монако“, додаде тој.
Реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Монако се игра на 9 мај од 20:45 часот во Торино.