„Поради еден фудбалер, секогаш го менува дресот“

Легендарниот голман, Буфон поради свое непријатно искуство од младоста никогаш не одбива молба да му го даде својот дрес на ривалот.

По првиот натпревар во ½-финале на ЛШ помеѓу Монако и Јувентус, новинарите ги интересираше зошто никогаш не му е тешко да го размени својот дрес со ривалите.

„Со задоволство го менувам дресот со сите, тоа е знак на почит. Се сеќавам на денот кога бев млад и кога замолив еден играч за дрес, а тој ме одби. Тоа ме вознемири и од тогаш одлучив дека е срамота да си голем играч, а да се однесуваш така.“