Ѕвездата на Рома преминува во Милано!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Не е тајна дека Наинголан е желба на Интер, уште додека тој играше за Каљари.

Тогаш потпиша за Рома и денес е еден од најдобрите играчи на тој тим.

Меѓутоа, тоа би можело да се смени и тоа поради финансиски причини.

Рома ќе биде принудена поради фер-плеј да продаде некој од најдобрите во наредното лето за да ги среди финансиите на клубот.

Белгиецот има 29 години и сака да потпише богат договор додека е на врвот на формата. Во Рома заработува 3 милиони евра, а тој бара 5 милиони и тешко дека ќе може Рома да му го плати тоа, но затоа Интер може да му го плати тоа.