„Враќање во Наполи? Не се знае“

Одличниот напаѓач на ПСЖ, Кавани во последното интервју кажа дека можеби еден ден ќе се врати во Наполи.

Кавани за Наполи во период од 2010 до 2013-та година постигна 95 голови на 127 натпревари.

Иако неодамна потпиша нов договор со ПСЖ, Кавани е свесен дека не се знае ништо во фудбалот.

„Сега сум во ПСЖ, а што ќе биде потоа не се знае. Кога би бирал, можеби би избрал да се вратам во Наполи, а потоа во Уругвај. Не сакам да се враќам во поранешниот клуб кога ќе биде премногу стар, но враќањето во Наполи не е невозможно.“

Кавани оваа сезона на 47 натпревари за ПСЖ постигна 47 голови.