Барселона подготви за Меси договор од соништата

Иако во минатите месеци многу се шпекулираше за судбината на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси изгледа дека на тие шпекулации дојде крај.

Навивачите на Барселона и сите љубители на Блауграната може да воздивнат, бидејќи како што рече потпретседателот на клубот Жорди Местре преговорите одат во добар правец и дека е прашање на денови кога официјално ќе се потврди кога маестралниотг Аргентинец ќе остане жител на Каталонија.

Каталонска Ара донесува дека останаа уште ситници до конечен договор, и дека Меси ќе потпише нов четиригодишен договор вреден 120 милиони евра, а неговата годишна плата моментално е 19 милиони евра по сезона.

Изјавата на потпретседателотна Барселона Местре своја официјална потврда судејќи според се ќе добие на крајот на оваа сезона.