Валдес добива шанса за одличен трансфер!

Шпанскиот голман, Валдес би можел ова лето повторно ќе направи голем трансфер.

Откако ги помина најдобрите години во Барселона, па се одлучи на трансфер во Јунајтед, а потоа и Миделсброу, Валдес доби уште една шанса да заигра во голем клуб.

Според медиумите, иако Миделсброу испадна во Чемпионшип, на него му се појави одлична шанса и за него е заинтересиран тимот на Сити.

Тренерот Гвардиола има намера да го тренира Валдес, како порано во Барселона, а причина за донесување на нов голман е незадоволството од игрите на Браво.

Да потсетиме, Гвардиола и Валдес соработуваа во Барселона од 2008 до 2013-та година.