Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси вчера објави фотографија од својот дом, каде што во соба седеше опркужен со дресови кои ги разменувал во текот на досегашната кариера.
Аргентинецот во својата богата колекција има дресови на големи ѕвезди како Анри, Раул, Касиљас и Тоти, меѓутоа тука се и помалку познати имиња.
Еден од играчите кои може да се пофали како Меси го има неговиот дрес е данскиот интернационалец Николаи Боилесен.
Сегашниот играч на Копанхаген не можеше да верува кога на фотографијата на колекцијата на Меси го виде и својот дрес, па се одлучи да ја возврати услугата.
„Присилен сум за овој дрес да го ставам на ѕид“, напиша Боилесен на друштвените мрежи.
Боилесен со Меси го замени дресот кога во 2013 година играше за Ајакс против Барселона.