„Во серија А има само 2 најдобри напаѓачи!“

Напаѓачот на Саутемптон, Габијадини во разговор за медиумите зборуваше за Серија А.

Според негово мислење, моментално не може да го одреди најдобриот напаѓач во Италија.

Тој се одлучи за Игуаин и Мертенс, а интересно е тоа што не ги спомена Белоти, Икарди, Џеко…

„Во Серија А играат многу добри напаѓачи, а интересно е тоа што сите се различни на некој начин. Според мене има 2 најдобри напаѓачи, а тоа се Игуаин и Мертенс. Тие многу се разликуваат по стилот на игра, но станува збор за одлични играчи.“

На листата на стрелци во Италија води Џеко со 27 голови, а следат Белоти и Мертенс со по 25, Игуаин и Икарди со по 24, Имобиле со 22…