Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие поставија некои нови стандарди во историјата на тенисот. Големата 4-ка во тенисто уништија многу кариери и оставија многу тенисери без титули на големите турнири.
Ѓоковиќ, Надал, Федерер и Мареј се луѓе кои со години доминираат со светскиот тенис. Без оглед дали некој од нив е во криза, секогаш еден ќе излезе, ќе одигра одлично и ќе им ги расипе сметките на сите. Надал стигна до титула во Мадрид, 3-та по ред на земја оваа сезона, по победата еден статистички податок најдобро покажува каква е нивната доминација.
Од последните 25 Мастерс турнири овие 4 играчи освоија 24, односно 96%. Од 2013-та година, од 40 турнири од серијата 1000 стигнаа до 37 трофеи. Кога ќе се започне од 2008 година, тие од 85 можни титули, стигнаа до 75 титули.
12 години наназад беа одиграни 112 турнири, а тие 4-ца победија вкупно 96 пати.