„Роналдо не е ни блиску од Меси“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со Лионел Меси, според зборовите на Чави Ернандез, не може да се споредува ни со Кристијано Роналдо.

Аргентинскиот репрезентативец за многумина е најдобар фудбалер на сите времиња, а еден од тие кои го делат таквото мислење е и неговиот некогашен соиграч Чави Ернандез кој смета дека е невозможно да се надмине ѕвездата на Барселона.

„Наследникот на Меси не постои и никогаш нема да постои. Ќе има добри играчи, но никој нема да биде на негово ниво. Невозможно е да се надмине, долго е на врвот, освои толку тимски и индивидуални награди“, рече Чави и додаде:

„Сега се пробува да се објави приказна за војна меѓу Меси и Роналдо, но тие кои се разбираат во фудбал знаат дека тука нема споредба. Кога Меси ќе ја заврши кариерата, ќе останат Нејмар, Азар  и уште пет или 10 играчи на слично ниво, но ничија супериорорност нема да биде толку неспорна како на Меси“, смета Чави.
Се наврати Чави и на приказната дека Меси после пресудата за затајување на данок ќе ја напушти Шпанија.

„Тој е среќен во Барселона. Не велам дека не го погодуваат работите кои се надвор од теренот, но на теренот и понатака е истиот играч. Одлично е да го имате во клубот“.