Њукасл се засили со фудбалер на Челси!

Њукасл го обезбеди првото засилување за наредната сезона.

Тие успеаа да го откупат Кристијан Атсу од Челси.

Тој минатата сезона беше на позајмица во тимот на Бенитез и ќе игра наредната сезона во ПЛ заедно со нив.

Тој во сезоната која помина одигра 34 натпревари за тимот и постигна 5 голови и 3 асистенции.

Челси за овој трансфер ќе добие 6.5 милиони фунти.