„Не размислувам за Реал и парите“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Винисиус Јуниор е еден од најталентираните млади фудбалери во светот, а Реал одлучи да потроши многу пари на него.

Новата ѕвезда на бразилскиот фудбал ќе му се приклучи на Реал дури во 2019-та година кога ќе наполни 18 години, а Фламенго ќе добие дури 45 милиони евра.

„Не размислувам за парите. Фокусиран сум на фудбалот и навивачите. Главата не ми е во Мадрид, не размислувам сеуште за Реал и фокусиран сум на Фламенго. Сакам да направам големи работи тука, а кога ќе бидам во Реал, тогаш ќе дадам се од себе.“