Алегри останува во Јувентус!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Алегри изјави дека и наредната сезона планира да биде тренер на Јувентус.

Јувентус беше поразен во финалето на ЛШ од Реал со 4:1, а по натпреварот Алегри даде изјава за медиумите.

„Одиме понатаму. Имаме мотивација наредната сезона да избориме финале и се надеваме дека ќе победиме. Оваа екипа има се за да го направи тоа, а управата знае што треба да подобри.“

„Природно е да ја започнеме сезоната со еден систем на игра, а потоа истиот да го смениме.“

Оваа сезона Јувентус го освои купот и првенството во Италија.