Новите тимови во ПЛ сакаат играч на Арсенал?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доаѓањето на Колашинац во Арсенал најави и трансфери од тимот, односно заминување на некои играчи.

Арсенал сака да го продаде Киеран Гибс, а пристигнаа и првите понуди за овој фудбалер.

Њукасл и Брајтон се најсериозни кандидати за негово донесување, иако и Стоук ја чека својата шанса да се приклучи во борба за овој фудбалер. Сепак, само Њукасл испрати понуда од 15 милиони евра на сметка на Арсенал.

Гибс нема против да замине од Арсенал, затоа што е свесен дека во наредната сезона нема да добие многу простор за игра.