Познат датумот кога УЕФА ќе ги објави деталите за картите за Суперкупот


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Деталите за продажбата на картите за Суперкупот кој ќе се игра во Скопје и  официјално ќе бидат обелоденети на 13 јуни.

Натпреварот помеѓу победникот во Лигата на Шампионите, Реал Мадрид, и шампионот во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед ќе се одигра на нашата национална арена на осми август со почеток во 20:45.

Од УЕФА информираат дека картите ќе може да се набават само со Мастер Кард и Виза кредитните картички, а плаќањето ќе биде во евра.