Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Македонија Езгијан Алиоски со сигурност ќе ги напушти редовите на Лугано ова лето и ќе потпише за клуб од многу поголем калибар.
Во минатото се шпекулираше дека многу клубови, пред се од Англија и Германија се интересираат за неговите услуги, а последен од нив е новиот германски бундеслигаш, Штутгарт.
Како што наведува весникот „Штутгартер Нахрихтен“ од тимот на Штутгарт ги разгледуваат опциите за потпис на Алиоски, а висината на трансферот би била околу два милиони евра.
Весникот наведува дека Алиоски во 2013 година бил на еднонеделен камп во вториот тим на Штутгарт и оставил одличен впечаток.