За два дена два нови десни бека во Работнички


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Работнички денес го објавија новото, трето засилување пред настапите во квалификациите за Лигата на Европа.

Нов член на „Романтичарите“ е десниот бек Томислав Илиев кој доаѓа од редовите на Хоризонт Турново.

Покрај Илиев, пред два дена Работнички го официјализираше и трансферот на уште еден десен бек, а тоа е Енис Дервиши.

Овие двајца фудбалери ќе бидат меѓусебна конкуренција за позицијата на која неколку години со ред незаменлив беше Горан Силјановски.