Сандро потпишува за Евертон


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Малага Сандро Рамирез ќе потпише за Евертон веднаш по завршувањето на Европското првенство за млади.

Напаѓачот непосредно пред натпреварот Шпанија-Македонија ги минал лекарските прегледи со тимот од Ливерпул и ќе се приклучи на „Карамелите“ за сума од шест милиони евра.

За Сандро сериозен интерес постоеше и од редовите на Атлетико Мадрид, но нивниот трансфер бан го оневозможи трансферот на младиот фудбалер.

Евертон речиси сигурно ќе остане без Лукаку, а Сандро Рамирез ќе треба да претставува негова замена во напаѓачката линија.