Македонските екипи ги добија противниците за Лига Европа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонските претставници Работнички, Шкендија и Пелистер ги добија своите противници за првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Очекувано, Работнички кој беше единствен носител од Македонија доби полесен противник во името на Тре Пене од Сан Марино, додека тимот на Шкендија ќе се надигрува со Дачија. Најтешко од македонските претставници помина Пелистер кој за противник ја доби екипата на Лех Познањ.

Доколку минат понатака Работнички за противник во второто коло ќе го има подобриот од двомечот Динамо Минск- Рунавик, Пелистер ќе се сретне со победникот од натпреварот Хагесунд-Колерејн, а Шкендија ќе оди на мегдан на подобриот од мечот меѓу Конан и Хелсинки.