Официјално: Рудигер е нов фудбалер на Челси

Од таборот на Челси потврдија дека клубот потпиша договор со германскиот репрезентативец, Антонио Рудигер.

Сега веќе екс фудбалерот на Рома се обврза на петгодишна соработка со клубот од „Стемфорд Бирџ“ и ќе го носи дресот со бројот 2.

„Одлично е чувството бидејќи не секој играч добива можност да се приклучи на тим како овој, и со нетрпение очекувам да се сретнам со моите нови соиграчи. Навистина сум горд што официјално сум нов фудбалер на Челси“- коментираше Рудигер веднаш по потпишувањето на договорот.

Трансферот на Рудигер од Рома во Челси е вреден 34 милиони фунти.