Матуиди пред трансфер на кариерата


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец, Блез Матуиди ова лето би можел да си замине од ПСЖ.

Матуиди неколку сезони е стандарден кај шампионот на Франција, но ова лето би можел да ја промени средината. 29-годишниот фудбалер има интересна понуда од Англија.

Жозе Мурињо му порачал на раководството на Манчестер Јунајтед дека го сака Матуиди во својата екипа. Овој трансфер би можел да биде полесен со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ на Олд Трафорд кој е во добри односи со поранешниот соиграч од ПСЖ.

Ако се договорат овој трансфер би требало да изнесува 55 милиони евра.