Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младите ракометни репрезентативци на Македонија очекувано лесно со 20:48 ја совладаа репрезентацијата на Буркина Фасо и ја забележаа втората победа на Светското првенство што се одржува во Алжир.
Избраниците на Илија Темелкоски од самиот старт ја наметнаа својата игра и уште по првите десет минути имаше предност од шест голови разлика (1:7). Одличниот старт дозволи од игра да бидат повлечени најдобрите играчи во репрезентацијата, а Темелковски ротираше со составот до самиот крај на натпреварот.
И останатите репрезентативци кои добија шанса, целосно ја оправдаа и покажаа доминација над противникот. На полувреме нашите репрезентативци заминаа со предност од 15 голови (8:23).
На стартот од второто полувреме, неочекувано Буркина Фасо ја имаше играта во своите раце, но нашите ракометари брзо се консолидираа и набргу стигнаа и до највисоките +20. На крајот македонските репрезентативци славеа победа со 28 голови разлика.
Најпрецизен во нашиот табор беше Димитар Димитриоски со осум погодоци, додека еден помалку постигна Дарио Петровски.