Ливерпул се откажа од Кеита, пропадна трансферот и на Марковиќ


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Ливерпул и покрај сите напори да го обезбеди потписот на Наби Кеита од редовите на Ред Бул Лајпциг на крајот се откажа од ангажман на гвинејскиот интернационалец.

Ливерпул не планира да плати повеќе од 57 милиони фунти, сума која беше одбиена од страна на германскиот клуб пред две недели. Клубот од Лајпциг за услугите на Кеита бара минимум 75 милиони фунти.

Лазар Марковиќ пак, бар во овие моменти ќе остане играч на „црвените“ откако пропаднаа преговорите меѓу Ливерпул и Фиорентина.

Клубот од Фиренца не сака да ја плати сумата од 16 милиони фунти за играчот од средниот ред и се откажа од намерата да потпише договор со српскиот интернационалец.