Мајкл Бизли доби огромна понуда, но мора да ја напушти НБА?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последните неколку години Кина не само што е атрактивна дестинација за фудбалерите, туку почна да ги привлекува и кошаркарите. Причината за сѐ поголемиот број на странски играчи во кинеската лига се должи на финансиската моќ која ја имаат газдите на клубовите.

 

Последен во низата играчи на кои им е понуден богат договор е Мајкл Бизли, поранешниот втор пик на драфтот и играч кој на почетокот на својата кариера беше сметан за идна ѕвезда во НБА лигата. Според најновите вести, кинескиот тим Шандонг Голден Старс му понудил тригодишен договор вреден 15 милиони долари. Тоа би било двојно повеќе од платата која досега ја заработуваше Бизли.

Мајкл Бизли сезоната ја заврши како член на тимот на Милвоки Бакс, но неговиот договор истече минатиот месец и моментално тој е во потрага по нов клуб.

Претходно Бизли тврдеше дека неговата намера е да остане во НБА лигата но покрај вакви богати понуди, тешко е да се замисли дека ќе може да ги одбива кинеските тимови уште долго.